Реакција на пресот на ДОМ: Двојниот морал на ДОМ и Поповска

GROM23.01.2016 година

Чудно е како госпоѓата Лилјана Поповска 15 години се провлекува низ Парламентот, а не ги познава основните закони кои се донесени во законодавниот дом. Не научи дека земјиштето го одзема и враќа, односно го национализира и денационализира државата Македонија, а не локалната самоуправа.

Се она нешто се грижи за туѓото и туѓите имоти, а нејзиниот зет за сестра е првообвинетиот во аферата „Артефакти“ каде што крадеа непроценливо богатство и за што правосилно е осуден на 8,5 години затвор.  Лиле Поповска треба да објасни колку пати била да го моли обвинителот Марко Зврлевски да го ослободи зетот? Таа треба да признае дека главна причина за напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ е апсењето на зет и, и уште еден нејзин роднина. Но, Лиле Поповска одамна го носи ореолот на дволичен политичар на македонската сцена: Дење зборува во името на законот, чесноста и моралот, а ноќе со копач и лопата таа и нејзиното семејство го крадат најскапоценото нешто – македонската историја.

Инаку специјалисти за замена  на земјиште се СДСМ со аферата „ Бачило“ и оттогаш наваму Јавното Правобранителство не дозволува замена на земјиштето.

И советуваме следниот пат кога одржуваат конференции за печат да консултираат правници или да се обратат до локалната самоуправа каде што исто така ќе им се укаже на законите.