Зоран Заев држи во заложништво два милиони граѓани

DSC_167617.01.2016 година

ГРОМ како политичка партија уште од самиот почеток гледа со скептицизам кон Договорот од Пржино. Ова го изјави лидерот на Граѓанската опцијаза Македонија ГРОМ Стевчо Јакимовски на денешната прес конференнција по повод актуелната политичка криза.

Во своето обраќање до јавноста, тој потсети дека владејачката коалиција предводена од ВМРО – ДПМНЕ во интерес на надминување на политичката криза направи серија на отстапки. Таксативно набројувајќи, тој потенцираше дека власта повлече свои три клучни функционери, му прифати на Заев изборен законик онаков како што тој сака. ВМРО- ДПМНЕ притоа ја жртвуваше дијаспората: од три сега ќе имаме само еден пратеник, спротивно на Уставот и законите формираше Специјално обвинителство и спротивно на буџетските норми на Катица Јанева и се обезбеди буџет и плата колкава што сака. Понатаму лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски кажа дека спротивно на волјата на граѓаните СДСМ во владата внесе свои министри и заменици, и спротивно од договореното тие  министри добија полн политички капацитет, наместо договорениот – технички. Исто така се формираше и Анкетна комисија, мнозинството во ДИК го има опозицијата, како и претседателот и генерелниот секретар во неа. На крајот премиерот сто дена пред избори си понуди оставка.

За возврат, изјави претседателот на ГРОМ, на сите овие отстапки СДСМ, кое само се врати во Парламентот, таму каде што и е местото и за што годишно нејзините пратеници земаат над 700.000 евра плата. После сето ова, целата нација цупка на нозе и чека што ќе каже момчето од Струмица, кое е 30 отсто човек, 30 отсто аболициран криминалец, 30 отсто митаџија во истрага, а остатокот ни самиот не знае што е. Истиот тој, држи во заложништо два милиони граѓани во време на сериозна безбедносна зовриеност на Блискиот Исток, Балканот и цела Европа, му нанесува огромна штета на целото стопанство во државата. СДСМ со своите потези не изненадува, Таа е партија која креира кризи и опстојува во кризи, но, изненадуваат двете клучни фигури во државата Груевски и Ахмети.

  • Господине Груевски и господине Ахмети избори без опозиција не бидуваат, но исто така и оваа ситуација ептен не ја бидува. Преземете си одговорност, за која сте бирани и имате мнозинство во Парламентот и да излеземе од оваа шизофрена ситуација. Или нека се одржат избори на 24 април годинава, или прифатето го барањето на Заев за одлагање на изборите за 24 април 2018 година и поништување на Договорот од Пржино, а со тоа и министерчињата од СДСМ да си се вратат од таму кај што дошле, и Владата да продолжи да работи со полн капацитет, повика Стевчо Јакимовски.

На новинарски прашања дали треба да се распушти Парламентот и да се одржат избори на 24 април и дали избирачкиот список може да биде до тогаш прочистен, лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски одговори дека треба да се распушти Парламентот и да се одржат предвидените  избори  на 24 април и дека СДСМ со контролата врз МВР и ДИК има доволно време ако сака, да го прочисти избирачкиот список и да оди на избори.