Хуманитарно – донаторски базар на Форумот на жени ГРОМ -Карпош

FOZ GROMПод мотото “Од вашите вредни раце за едно храбро женско срце”, Форумот на жени ГРОМ – Карпош вчера, (14.12.2015)  реализираше хуманитарно – донаторски базар. Носители на хуманиратната акција беа жените на месниот форум Влае – 1. Донаторскиот базар беше со цел да се помогне на нашата пријателка и сограѓанка, самохрана мајка, чија животна судбина ја натерала да се бори со сериозна болест. Нашата хероина, дополнителниот мотив го црпи од насмеаните лица на нејзините дечиња, двете ѕвезди водилки, кои и даваат сила да истрае во нејзината битка со канцерот.

Симболот на розевата панделка уште еднаш соедини стотина жени кои донираа со љубов подготвени колачи, тортици, пити, кифлички и најразлични видови на вкусни специјалитети. Уште стотина жени ги откупуваа производите, а донираните средства ќе бидат подарени на нашата сограѓанка во пресрет на Новогодишните и Божиќни празници.

Во базарот беа вклучени и вештите раце на нашите хуманитарки кои донираа свои прекрасни аматерски уметнички слики, накит, плетени производи и сувенири со народни мотиви. Пријателите од трговијата обезбедија повеќе видови зимски обувки, новогодишни пакетчиња, а беше подарен и прекрасен Дедо Мраз, кој ќе го развесели детскиот свет.

Форумот на жени ГРОМ – Карпош секогаш е подготвен да подаде рака на сите кои имаат потреба од љубов и поддршка.