Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Трибина „Проблематично однесување”

11011065_1691933907709178_7648693472954971691_n24.11.2015 година

Форумот на жени ГРОМ – Карпош одржа трибина на тема „Како да ги разбереме и на кој начин да им пристапиме на учениците со проблеми во однесувањето ”.

Трибината беше  отворена со презентација на М-р Снежана Карас – директор во ООУ „Вера Циривири-Трена“-Скопје, во  која беше дадена дефиниција за дисциплина во наставата како појдовна точка преку која се утврдува отстапувањето од правилата и редот на функционирање во училиштето, односно се утврдува постоењето на проблематично однесување.

12241784_1691939144375321_5376474156164823033_n

 

 

Посебен остврт беше даден на менаџирањето со проблематичното однесување преку разговори, советувања, до педагошки казнени мерки предвидени со закон.

 

12295448_1691935041042398_366283206607163290_nВториот предавач беше М-р Јадранка Марос-Каракашева-психолог и семеен терапевт, која освен дефинирањето на проблематичното однесување, посочи  видови и фактори кои доведуваат до проблематичното однесување. Натаму, беа презентирани пристап за работа, како и методи и техники со кои би се надминало проблематичното однесување. Исто така беше дадено значење на активното вклучување на родителите во процесот и значењето на советување за надминување на конкретниот проблем.

12239560_1691935914375644_6952484140789362947_nВо продолжение следеше презентација на Илија Пецевски – дефектолог, која се однесуваше на АДХД – хиперактивно однесување како форма на пробламатично однесување.

Тој се задржа на основната симптоматологија како и на методите и пристапот на работа со децата (учениците) со АДХД.

 

12243037_1691934627709106_2682745643239120589_nМ-р. Аце Миноски – претставник од педагошката служба, орган во состав на Министерството за образование на Република Македонија се осврна на законските одредби кои го допираат овој горлив проблем, истовремено изнесувајќи официјални статистички показатели како функционираат педагошките служби во училиштата на целата територија на државата.

12274604_1691935424375693_3980083956524048529_nСо својата презентација, Татјана Талевска – претставник од секторот за образование при Општина Карпош, ги дефинираше поимите на однесување и проблематично однесување, факторите кои влијаат на однесувањето, видовите на проблематичното однесување, насоките како да се помогне на проблематичните деца – ученици, дефинирање на ПОП – поддршка за позитивно однесување и се потенцираше значењето на родителската поддршка за надминувањето на проблемите кај учениците со проблеми во однесувањето.

lllТрибината беше одлично посетена, побуди голема заинтересираност, се поставија бројни прашања и се разрешија бројни непознаници.

Со оваа трибина, Форумот на жени ГРОМ – Карпош го актуелизираше овој значаен проблем, за чие успешно решавање е потребно заедничко делување на семејството, училиштата и општеството.

 

                                                           

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin