Форумот на жени ГРОМ – Карпош со хуманитарна мисија во транзитниот прифатен центар – Табановци

GROMФорумот на жени ГРОМ – Карпош оствари хуманитарна мисија во Транзитниот прифатен центар – Табановци.
Табановци, во последните шест месеци е северната дестинација кон која се движат возови преполни со мигранти од Блискиот Исток и Азија, кои во потрага на подобар живот транзитираат низ Република Македонија. Низ овој центар, во периодот на оваа најголема светска мигрантска криза за последните 50 години, поминале над 220.000 мигранти.
Нашата држава се грижи за време на нивниот краток претсој да им се пружи потребна медицинска помош, да им се подаде пријателска рака, да се обезбеди храна и облека, која за нив е од непроценлива вредност кога временските прилики не се погодни и имаат потреба од сува и топла облека.

GROMТранзитниот прифатен центар – Табановци функционира во рамките на Центарот за управување со кризи на Република Македонија, овој транзитен центар е под раководна палка на Г-дин. Горан Стојановски кој успешно ги менаџира сите ново настанати состојби.
Бранот мигранти и бегалци продолжува и понатаму, а наближувањето на зимскиот период и влошувањето на временските состојби ќе го зголемат ризикот од понатамошни човечки трагедии.
GROM-ZeniДонацијата се состоеше од грижливо селектирани и спакувани парчиња на зимска облека и обувки, а истите им беа лично поделени на мигрантите кои стрпливо чекаа во ред и земаа само тоа што им беше неопходно, оставајќи им шанса на останатите во редот по нив да изберат нешто за нив и најмалите членови на нивните семејства.
Проблемот на мигрантите и бегалците е глобален проблем, а Форумот на жени ГРОМ – Карпош ја покажува својата желба и воља да помогне на сите на кои им е потребна помош.