Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес – конференција: Заев барал мито – граѓаните на Струмица треба да му ги плаќаат казните

DSC_015228.10.2015 година

Повод за денешната конференција за печат на Граѓанската опција за Македонија ГРОМ беше пресудата на Основниот суд во Струмица од страна на судијката Лидија Аризанова која го прифаќа тужбеното барање на тужителот Зоран Заев  против претседателот на Општинската организација на ГРОМ Сашо Милковски.

– Сакаме македонската јавност да ја запознаеме со тоа што Сашо Милковски му „згрешил“ на господинот Зоран Заев и на судијката Аризанова и во оваа прилика да ги прочитам сите зборови кои стојат во пресудата и кои му се ставаат на товар на господинот Сашо Милковски, изјави на прес конференцијата, Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

– Во самата пресуда се цитира дека Сашо Милковски рекол на конференција за печат на ГРОМ дека господинот Заев го оштетува општинскиот буџет, како што самиот вели, во повеќе наврати, намалувајќи ја цената на државното земјиште дури за шест пати, односно, од 438 денари на само 71 денар по квадратен метар. Натаму, цитирано е дека Сашо Милковски рекол дека, се разбира, за сите за оние кои се подготвени да му дадат во кеш лично нему, цената ја утврдувал самиот тој или „така како што ќе речам јас“, го цитираше лидерот на ГРОМ , првиот човек на СДСМ Заев. Освен тоа, Заев барал поткуп од 66 илјади евра или по 1 евро од квадратен метар да му се даде нему лично.

Преку примање на поткуп, како што самиот Заев вели, повеќе стопанственици се стекнале со државно земјиште по багателни цели. Конечно, по угледот на познатите рекетари, парите ги пренасочувал да бидат однесени во менувачницата на неговиот брат, па така евентуално обележаните пари да бидат заменети во менувачницата на брат му, цитирам: „Кај Вице“, рече Јакимовски.

Она што го рекол Милковски е тоа што милиони луѓе го видоа преку видеото кое беше прикажано во јавноста.

– Многу е чудно, изјави претседателот на ГРОМ, што господинот Заев за еден ист предмет, за кој е обвинет, не се појавува на суд во Скопје, а за тој ист предмет се појавува на суд во Струмица, кај, како што велат струмичани, судијка чие цело семејство се симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз. Значи ли тоа, праша Јакимовски, дека господинот Заев, по примерот на „големиот Јоже“ за суд  го признава само партискиот суд. Значи ли тоа дека Заев и СДСМ не се борат за демокраија и да воспостават правна држава во Македонија, туку да воспостават партиска држава, онака како што функционира тамошната власт во Струмица. Сакаме да ја прашаме судијката Аризанова, како тоа мисли „нејзиниот градоначалник“, како што таа го ословувала во Судот наместо „тужителот“,  да бара мито од граѓаните, а партиските членови од ГРОМ да ги плаќаат неговите казни. Како е можно Аризанова да се изјасни дека не може да ја земе снимката за  релевантен доказ против Зоран Заев, а истиот тој Заев, со такви снимки од аферата „Пуч“ ги носи и ги предава во нашиот Суд и за тоа се формира  Специјално  обвинителство. Значи на едно место снимките важат, а на друго место – не важат.

– Сакам да го прашам господинот Заев, оној кој што со рачињата мафта на видеоснимката и бара мито, дали е тоа Зоран Заев? Сакаме да му порачаме дека господинот Сашо Милковски нема да му ги плати парите! Нема да дозволиме граѓанин на Струмица да плаќа пари. Парите ќе бидат платени од сметката на Граѓанската опција за Македонија. Сакаме само да го прашаме каде да ги однесеме, дали кај него лично или кај брат му Вице Заев, со цел курирот да не талка низ Струмица, праша првиот човек на ГРОМ.

– Сакам да упатам апел до судијката Јанева, изјави Јакимовски, нагласувајќи дека не ѝ треба цел батаљон обвинители. Не и треба, не цел, туку ни половина обвинител, за да го истражи овој случај, каде што има кривично дело барање на поткуп, и каде што Заев си ги наброја сите од кои што земал мито. Таа треба само да си ги повика луѓето на распит, да си кажат кои дале мито. Тоа ќе биде првиот случај што таа ќе го истражи, и целата македонска јавност навистина ќе ја поддржи, и потоа секако да продолжи натаму, секаде каде што има корупција, рече лидерот на ГРОМ.

– Ние од ГРОМ, ниту граѓаните на Струмица немаат намера да се уплашат од ваквите закани и евентуални пресуди, со цел да престанат да говорат за она што јавно се збори  по цела Република Македонија.

Одговарајќи на новинарските прашања како ја коментира вчерашната порака на амбасадорите за политичката криза, Јакимовски одговори:- Амбасадорите си имаат своја агенда, ние, во Република Македонија треба сами да ја решиме политичката криза, а таа ќе биде разрешена на наредните избори во април.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin