Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ПОЧИТ И БЛАГОДАРНОСТ ДО БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

GROMГраѓанската опција за Македонија – ГРОМ изразува искрено жалење и сочувство до семејствата на припадниците на полицијата кои во последните 24 часа ги изгубија животите во одбрана на својата земја и терористичкиот напад во Куманово.

Воедно сакаме да им оддадеме признание на безбедносните сили на Република Македонија за високата професионалност, храброст, и посветеност во извршувањето на своите задачи. Тоа, според официјалните информации, вроди со успешно завршување на акцијата сузбивање на терористичкиот напад и се надеваме во што поскоро нормализирање на состојбите во земјата.

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ им се заблагодарува и на сите граѓани на Република Македонија од сите етнички заедници за зачувувањето на свесноста и присебноста и повикува на натомошно зачувување на мирот и стабилноста во овие исклучително тешки моменти за државата.

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ се надева дека сега кога состојбата е во раце на институциите на државата, терористичките групи се разбиени или заробени, во најскоро време ќе бидат разјаснети и расчистени причините и последиците кои придонесоа до ваков вооружен инцидент.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin