Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ДВОЈНО ЗЛАТО ЗА ИВА МАНОВА

02Форумот на жени ГРОМ – Карпош, на 28 април 2015 год. го организираше Првиот Турнир по пинг-понг и пикадо во поединечна конкуренција.

Спортската сала „Партизан“ во Ѓорче Петров се исполни со насмеани лица на жени од сите возрасти, каде што преовладуваше спортскиот дух, што им беше главниот поттик за овој рекреативен натпревар на жените од ГРОМ. Турнирот беше можност да се измерат силите и спортските вештини, но и за весело дружење и искрени честитања.

Најдобар резултат и златен медал во пинг-понг освои Ива Манова, сребрена Ирена Милевска, а бронзата и припадна на Снежана Кузманоска. Во пикадо најдобар резултат и златната медаља исто така заслужено ги закити градите на Ива Манова, среброто го освои претседателот на жени ГРОМ-Карпош и советник на ГРОМ во Советот на Општина Карпош Добрила Андоновска, а бронзата како и во пинг-понг ја освои Снежана Кузманоска. Вон конкуренција, во пинг-понг настапија Гордана Зафировска и Магдалена Ташковска, како натпреварувач со догогодишна спортска кариера и добитнички на бројни златни и сребрени медаљи на државни и меѓународни натпревари.

Турнирот беше во организација на Мирјана Ташковска, спортски работник и гимнастичар, со сесрдна подршка на меѓународниот судија и врвен пингпонгар Димитар Ташковски. Техничката организација беше  во сигурните раце на Валентина Додевска, а идејното решение на дипломите кои се доделија на турнирот на Јоана Станиќ. Турнирот беше проследен со пригоден коктел и пријателски женски разговори.

Форумот на жени ГРОМ-Карпош останува посветен на вистинските вредности и пријателства, во духот на „заедно сме посилни“.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin