Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Велигденски хепенинг во Карпош

_DSC315711.04.2015 година

Денес на платото во ТЦ Карпош 3-Лептокарија, во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, општинската организација ГОРМ Карпош, организираше велигденски хепенинг.

Велигденското китење на дрво претставуваше вистинско задоволство како за членовите на ГРОМ заслужни за реализација на овој настан, така и за случајните минувачи жители на Општина Карпош, кои љубопитно застануваа до дрвото, се сликаа и секако се послужија со вапсани јајца.

Дрвото е накитено со 288 картонски украсни јајца, на стеблото се прикачени различни украси кои го симболизираат празникот, додека околу дрвото, во гнезденца од сено се поставени 500 вапсани јајца – подарок за случајните минувачи.

Благодарност до сите 14 месни организации на ГРОМ Карпош, кои несебично дадоа свој придонес во целокупната организација и реализација на настанот.

Благодарност и до иницијаторот на настанот МО Карпош 3.

Христос воскресна. За многу години. Среќни празници.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin