Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Во пресрет на 8 Март, активности на ФОЖ-ГРОМ-Карпош

FOZ GROM BIGORSKI-102.03.2015 година

ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА БИГОРСКИ

Форумот на жени ГРОМ-Карпош, во потрага на вонвременските убавини на нашата Македонија, возвишеноста на нашата историја и нашите традиции, одкривајќи ја убавината на едно од нашите најубави и најдрагоцени светилишта, се нурна во исконскиот раскош на Манастирскиот комплекс на Св. Јован Бигорски.

Размислувајќи кој би бил најнеобичен начин да се поминат часови на заедничка дружба по повод претстојниот Меѓународен ден на жената, овојпат се определивме тоа да биде еден несекојдневен избор. Идејата беше да поминеме неколку часа во прегратките на наследството кое ни го оставиле нашите народи, градителите кои оставиле неверојатна градба од бигорни блокови во прегратките на Бистра. Зданија кои се огледаат од небесните височини во кристалните води на Радика.

FOZ GROM BIGORSKI-1

Не можевме да ја испуштиме можноста да се восхитуваме на иконостасот-ремек дело на Мијачките мајстори, со ширум отворени очи да се воодушевуваме на фреските и иконостасот на Дичо Зограф, да се поклониме и да се помолите пред далекупрочуената икона со исцелителна моќ на Св. Јован Крстител. Тоа е таа пригода кога можеме да ги положиме усните на светите мошти, да се воодушевуваме на снагата која многупати во историјата повторно и повторно го издигнувала овој манастир од бројни уривања, опожарувања, грабежи и пустошења. Да се воодушевуваме од монашкиот ред и нивната гостопримливост, да бидеме барем на кратко на местото каде светата земја го допира небото.

Форумот на жени ГРОМ-Карпош ја црпи својата енергија од нашата историја, нашата традиција, од вредностите кои биле вековна вредност на нашиот народ и ги втемелува тие вредности во своето секојдневно делување.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin