Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ЖЕНИТЕ НА ГРОМ-СОЛИДАРНИ СО ПОПЛАВЕНИТЕ

10950715_10204418428885094_7227552955132358914_n11.02.2015 година

Форумот на жени ГРОМ-Карпош успешно ја реализираше Хуманитарната акција “Македонија е под вода – да помогнеме на нашите сограѓани”.

Водени од желбата да се даде придонес кон ублажување на последиците од елементарната, а воедно и хуманитарна катастрофа која ја зафати Република Македонија, и следејќи се насоките од Црвениот Крст на Република Македонија, Форумот на жени ГРОМ-Карпош во најкус временски период успеа да обезбеди најнеопходни прехранбени продукти (конзервирана месна храна, конзервирана риба, конзервиран зеленчук, конзервирано овошје,  сувомеснати производи, готови јадења, тестенини, кондиторски производи, супи, трајно тетрапак млеко, безалкохолни пијалоци, ориз, масло за јадење, брашно, сол, шеќер, кафе и тн.), голема количина на флаширана минерална вода, сретства за лична хигиена (купки, шампони, течен сапун, тоалетна хартија, влажни марамици, средства за интимна нега на жени и тн.), средства за перење, средства за дезинфекција и одржување на хигиена на домовите.

Жените од ГРОМ-Карпош, нештедејќи ја својата енергија, ги селектираа донираните продукти и соодветно ги спакуваа и обележија, овозможувајќи полесен транспорт и доставување на донациите. Истовремено, членовите на Форумот на жени ГРОМ-Карпош ги „вжештија“ и своите мобилни телефони испраќајќи пораки за донирање на парични сретства. Форумот на жени ГРОМ-Карпош се надева дека донациите од оваа хуманитарна акција, преку Црвениот крст на Р.Македонија, ќе бидат навремено доставени до нашите пријатели кои настрадаа во водената стихија која немилосрдно си поигра со нивните животи и судбини. Хуманоста, солидарноста и општествената одговорност се втемелени во политиките на Граѓанската опција за Македонија.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin