Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Заев води непримерна битка на политичката сцена преку соработка со странски разузнавачи

_DSC810703.02.2015 година

Конференција за печат на ГРОМ по повод последните политички случувања

По повод последните случувања во македонската политичка сцена, организациониот секретар на Граѓанската опција за Македонија и заменик министер на локалната самоуправа, Љупчо Пренџов одржа конфернција за печат на која го искажа  партискиот став околу непримерната политичка борба која се востановува на македонската политичка сцена од страна на опозицијата.

– Граѓанската опција на Македонија ГРОМ, како и повеќето граѓани во државата, остануваат зачудени околу тоа каков е тој лидер на најголемата опозициска партија, кој во повеќе наврати, јавно, не ја говори вистината?! Освен тоа, како што изјави на денешната прес конференција претставникот на ГРОМ, лидерот на СДСМ Зоран Заев е оној истиот кој што 60 дена ги тераше своите членови да трчаат во изборна кампања, за на крај на самиот ден на избори, на крајот во 19 часот, да изјави дека изборите се неважечки. Тој ист лидер во повеќе наврати јавно изјави дека не одел на преговори со Груевски и дека воопшто не се гледал со него, за да сега се осознае дека  за три месеци се сретнал со него дури четири пати?!

Околу контроверзното однесување и кондрадикторните изјави на лидерот на СДСМ, Пренџов посочи дека тој пред целата јавност изјави дека не го познава Зоран Верушевски, за да сега испадне дека не само што го познавал, туку и многу добро соработувал со него?! Заев, е лидер на партија кој јавно кажа дека податоците од прислушкувањата му ги дале прво „загрижени граѓани“, а сега, дека ги добил од странски разузнавачки служби. Згора не од соседна држава, туку од „подалечко“?! – истакна Пренџов.

Оттаму, во името на Граѓанската опција за Македонија ГРОМ, Љупчо Пренџов праша:

– Зошто разузнавачките служби  би му ги дале тие податоци на Заев? Зашто е многу убав или заради црните очи?  Што тој за возврат дал или ќе даде?

– Ние,  изјави Пренџов, во Република Македонија имаме закон со кој се жигосуваат луѓе кои соработувале со домашни тајни служби, кои во тоа време го штителе уставниот поредок и државата, а сега имаме лидер на опозицијата кој јавно призна дека соработувал со странски разузнавачки служби.

Ова е преседан во политичкиот живот во светски размери, е ставот на ГРОМ, при што истакна дека не постои некој којшто ќе поверува дека странските разузнавачи и службите со кои соработувал и мислат повеќе добро на земјата отколку власта која легитимно ја добила довербата од сопствените граѓани?!

Методата на уцени и закани е својствена само на терористички организации,  а не на современи политички партии. – рече организациониот секретар на партијата ГРОМ.

Тој додаде дека ГРОМ бара надлежните правосудни институции во транспарентна и докрај законска процедура да спроведат истрага, а извршителите да одговараат согласно законските прописи во Република Македонија.

– Во спротивно, рече тој, се воведува опасен политички преседан  на користење на аудиовизуелни техники во борбата  меѓу политичките субјекти, како методите на следење, изнудување…

– Дали тоа значи дека сите политички партии треба да набавиме опрема за прислушкување и да формираме служби за следење, или пак да прибегнеме кон „поедноставното решение“ да прифатиме соработка со странски разузнавачки служби за да не снабдуваат со вакви информации, праша  Пренџов во името на ГРОМ.

– Во тој случај, ние од Граѓанската опција за Македонија предупредуваме дека земјата ќе биде втурната во невиден хаос и беззаконие.Тоа не смеат да го дозволат ниту одговорните политички партии во Република Македонија, а првенствено не институциите на системот – го изнесе ставот на партијата ГРОМ организациониот секретар Љупчо Пренџов.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin