М-р Оливер Ромевски, Директор на Управата за Хидрометереолошки работи назначен за Постојан Претставник на Република Македонија во Светската Метереолошка организација

romevski01На покана на Светската метеоролошка организација (СМО), по добиена согласност од страна на Министерството за надворешни работи, и добиени акреденцијали, во периодот од 10-14 ноември во Женева, М-р Оливер Ромевски како основен делегат учествуваше на Втората Сесија на Меѓународниот Одбор за Климатски Услуги. Како потсетување-процесот за развој на GFCS беше покренат од страна на шефовите на држави и владините министри во 2009 година на 3та Светска Климатска Конференција и истиот придонесе за развој на Имплементационен План, кој вклучи широк спектар на консултативни согледувања и процеси. На тој начин светските лидери од 155 земји, се согласија да ја воспостават Глобалната рамка за климатски услуги (GFCS). Главни цели на оваа рамка се:

  • Намалување на ранливоста на општеството кон екстремностите поврзани со климата;
  • Унапредување на клучните глобални развојни цели;
  • Интегрирарање на употребата на климатските информации во донесувањето на одлуки;
  • Зајакнување на ангажманот на давателите и корисниците на климатските услуги;
  • Искористувањето на постоечката инфраструктура на климатски услуги.

Почетни четири приоритетни области на GFCS се:

  1. земјоделство и безбедносна храна;
  2. намалување на ризик од катастрофи;
  3. здравство и
  4. менаџмент со водни ресурси.

Учеството на Втората сесија на Меѓународниот одбор за климатски услуги (IBCS -2), каде присуствуваа Членки на СМО, меѓународни организации, експерти и други званични делегати, М-р Оливер Ромевски го искористи за воспоставување на
голем број средби на кои се разменија мислења и поведоа дискусии околу продлабочувањето на идните соработки во областа на хидро-метеоролошката дејност.

Првата официјална средба се воспостави со Генералниот Секретар на СМО, Г-динот Мишел Жаро. Следеа средби со идните кандидати за нов Генерален секретар (Проф. Петер Талас од Финска, Др. Елена Маленкова, асистент на Генералниот секретар од Русија, и др. М-р Оливер Ромевски имаше и разговор со Претседателот на СМО, Д-р Давид Гримс како и со потпретседателот на СМО, Проф. Антонио Дивино Моура од Бразил.
Се воспоставија средби со многумина постојани претставници (Хрватска, Италија, Германија, Словачка, Турска, Русија, САД, Тајланд, Того и други земји од светот. Од некои колеги М-р Оливер Ромевски доби и званична покана за посета на нивните институци.

Како една од позначајните мисии во рамките на Програмата, се случи и официјално назначување на М-р Оливер Ромевски за Постојан Претставник на Република Македонија во Светската Метеоролошка Организација, кое се одржа на ден 12 Ноември, 2014 год во канцеларијата на Генералниот Секретар, во Конференцискиот Центар во Женева. Оваа, свечена инаугурација се одвиваше во присуство на господин Мишел Жаро-Генерален Секретар на СМО, Христијан Блондин-шеф на кабинетот на Секретаријатот, М-р Иван Чачиќ-Претседател на РА-VI СМО – Регионална Европа и претставникот на канцеларијата на СМО за Европа, г-дин Милан Дациќ.

romevski09

На Свечената промоција присуствуваше и Мисијата на Република Македонија во ОН со седиште во Женева, предводена од Г-дин Душко Узунов. Во тој поглед треба да се истакнат и заслугите и големата подршка на Министерот за надворешни работи господин Никола Попоски, г-ѓа Хилда Колевска-директор на Директоратот за економска дипломатија, г-ѓа Сања Зографска, како и заложбата на шефот на Мисијата на Република Македонија во Женева, господин Душко Узунов, кој со своето лично присуство и ангажман даде исклучително значење на овој свечен чин. Генералниот секретар на СМО, даде кус осврт за визијата и мисијата на СМО како и улогата на постојаните претставници на Националните Метеоролошки и Хидролошки Служби (НМХС), кои всушност претставуваат своевидни амбасадори на своите земји, во областа на хидрометеоролошката дејност. Тој истотака, континуираната подршка која ја дава СМО на сите нејзини членки, како и потребата од јакнењето на регионалната соработка, во рамките на стратегиите, програмите и упатствата на СМО. М-р Оливер Ромевски од своја страна како нов Постојан Претставник на Република Македонија во СМО, јасно ја изрази својата цврста одлучност и посветеност за развој и афирмацијата на хидрометеоролошката служба во Република Македонија, подобрување на статусот и имиџот на истата, преку градење на капацитетот и јакнење на регионалната соработка.