Изјава на лидерот Јакимовски по повод окрупнувањето на опозицијата

Стевчо Јакимовски25.10.2014 година

ГРОМ СЕ ФОРМИРАШЕ ДА БИДЕ ВЛАСТ, А НЕ ОПОЗИЦИЈА

Одговарајќи на новинарско прашање на Тв Алфа за тоа што мисли Јакимовски како лидер на ГРОМ за најавеното окрупнување на неколку опозициски партии во една, без Шеќеринска и Заев, лидерот на Граѓанската опција за Македонија, Јакимовски рече:

-При самото формирање на Граѓанската опција за Македонија, ние јасно се изјаснивме дека се формиравме да бидеме власт, а не да бидеме опозиција. Кој ужива во таа улога да биде опозиција слободно нека дејствува, нека се окрупнува, и нека прави така како што смета дека е најдобро. Ние не сакаме да бидеме дел од опозицијата. – изјави Јакимовски.