Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Форумот на жени на ГРОМ- Карпош со трибина на тема: „ Современ третман на карциномот на дојка“

Кликни за фотогалерија22.10.2014 година

Форумот на жени на ГРОМ – Карпош, по повод одбележувањето на месец октомври – светски месец посветен на борбата против ракот на дојка, одржа трибина на тема: “Современ третман на карциномот на дојка”.

Трибината ја отвори Ас. Д-р. Биљана Шапова Тодоровска, специјалист хирург, со долгогодишно искуство на Одделението за Пластична и реконструктивна хирургија, при Клиниката за хируршки болести “Св. Наум Охридски” во Скопје, каде беа презентирани сите современи дијагностички методи за рано одкривање на ова заболување кое се наоѓа највисоко на листата по морбидитет и морталитет од сите малигни заболувања кај женската популација.

Во текот на трибината беа презентирани и сите најсовремени методи на хируршки третман, како и пост-оперативниот онколошки третман. Прим. Д-р. Добрила Андоновска ги презентираше податоците од Светската здравствена организација и податоците од Центарот за јавно здравје – Скопје, за зачестеноста на карциномот на дојка во светски рамки, во државата и во Скопскиот регион.

За присутните, од особен интерес беше официјалниот податок за дистрибуција на малигните неоплазми на дојка во Скопскиот регион, како статистички податок за 2012 год. На сите присутни им се распредели „Водич за превенција на карциномот на дојка”, базиран на достигнувањата на современата медицинска наука и медицината базирана на докази (Evidence based Medicine), како водич за едукација на пошироката популација. Водичот ги презентира: факторите на ризик, раните знаци на карциномот на дојка и препорачаните мерки на превенција на ракот на дојка.

Трибината побуди голем интерес, беа поставени бројни прашања и воедно се искажа желба и во иднина да се организираат едукативни трибини од областа на здравството.
Со оваа трибина, форумот на жени ГРОМ-Карпош се приклучи и ја поддржа Програмата за здравство на Граѓанската опција на Македонија, а воедно кон напорите кои ги прави Министерството за Здравство на Република Македонија за превенцијата на карциномот на дојка.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin