Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ДУХОТ ПОСИЛЕН ОД ХЕНДИКЕПОТ

poseta_foz_grom01.10.2014 година

ФОЖ ГРОМ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ

По повод Светскиот ден на лицата со оштетен слух, Форумот на жени на ГРОМ Карпош, се приклучи кон напорите кои ги прави нашето општество за согледување на проблемите со кои се судираат граѓаните со ваков вид на посебни потреби.

Форумот на жени ГРОМ-Карпош посети дом на лице со вродена аномалија на ушите и со висок тежок степен на оштетен слух.  Оваа средба со нашата храбра сограѓанка уште еднаш покажа и докажа дека дека ниту една аномалија и ниедно заболување не треба да го совладаат духот на младиот човек и не треба да бидат пречка за нормален живот и напредување во животот.Нашата млада домаќинка чие детство поминало во бројни оперативни лекувања, пронашла доволно храброст во своето младешко срце да се закити со факултетска диплома и да отворин своја фирма, борејќи се со суровоста на животот. Ова наше попладневно дружење е само почеток на едно прекрасно пријателство, но воедно и можност да ги согледаме специфилните проблеми со кои се среќаваат нашите сограѓани кои имаат оштетен слух. Тоа е и можност да ја понудиме нашата поддршка, но уште повеќе можност да научиме многу нешта од тие што се различни, но, сепак, еднакви со сите нас. Да бидеме рамноправни во различностите.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin