Едногодишно постоење на ГРОМ

Една година ГРОМ29.09.2014 година

Со свечениот Централен одбор на ГРОМ, вечерва, се означи првата година од формирањето на Граѓанската опција за Македонија. Реалитивно младата партија, која за кратко време стекна илјадници членови и симпатизери, ја докажува довербата и енергијата на партија која ја пренесува на граѓаните. На свечената роденденска прослава присуствуваа претседателите на сите општински организации како и членови на партијата. Со едноминутно молчење, му се оддаде почит и на претседавачот на Централниот одбор на ГРОМ, Владо Поповски.

Пред своите сопартијци, лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски им заблагодари за присуството и им честиташе за постигнатиот успех на партијата на изминатите претседателски и парламентарни избори.

– За Граѓанската опција за Македонија е многу важно што успеавме да влеземе во многу домови на граѓаните на Република Македонија, имавме извонредна претседателска и парламентарна кампања. Станавме парламентарна партија која од сите мали партии ние бевме најприфатени кај граѓаните. Сметаме дека она што имаме еден пратеник и еден заменик-министер во работата на Владата на Република Македонија, е дополнителен поттик за ГРОМ, за уште повеќе да работиме. Она што можеме да го ветиме спрема граѓаните на Република Македонија е дека партијата ГРОМ ќе биде конструктивна партија, ќе нуди решенија за разрешување на проблемите на граѓаните на државата и нема да се служи со афери и уцени. Сметаме дека тоа е многу значајно за нашата партија и за нашите луѓе кои што учествуваат во работатат и изградбата на партијата.- заврши претседателот на ГРОМ, Јакимовски.

Со пригоден коктел, продолжи роденденската забава по повод една година од конституирањето на Граѓанската опција за Македонија.