ГРОМ во превенција на жолтицата и алиментарни труења

ГРОМ20.09.2014 година

Во организација на ФОЖ ГРОМ-Карпош Со едукативна презентација на тема „Жолтица-Хепатитис А и алиментарни труења“, која ја одржа М-р Ирена Калајџиева-Милевска, Форумот на жени ГРОМ-Карпош продолжува со активности на актуелни теми.

Таа понуди стручни совети за тоа како едно семејство треба да се заштити од оваа болест и какви мерки да преземе доколку таа е на пат да го зафати организмот на една индивидуа, како и за историјата на оваа болест и проблемите кои произлегуваат од нив а со кои се соочуваат граѓаните. ГРОМЦелта на предавањето е подигнување на нивото на свест и превенција од жолтицата која зема се поголем замав во изминатите месеци. За листерозата пак, која предизвикува алиментарни труења исто така се неопходни заштита и превентивни мерки. За сите нив навремено треба да се интервенира за да нема фатален исход.

По предавањето беше отворена конструктивна дискусија на која, на прашањата на жените на Форумот на жени на ГРОМ- Карпош, одговараше д-р Добрила Андоновска. Со ова, по летните одмори, Форумот на жени на ГРОМ-Карпош, го одбележа почетокот на интензивните активности кои ги подготвува Форумот.