ГРОМ оддаде почит на загинатите од земјотресот во Скопје

ГРОМ26.07.2014 година

Денеска, по повод одбележувањето на 51 годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во Скопје, во кој 1070 луѓе го загубија животот, а 3000 беа повредени, делегација од Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, изразија пригодна почит и сеќавање кон загинатите со положување на свежо цвеќе пред споменикот на настраданите жители на Скопје на Градските гробишта во Бутел.

ГРОМДелегацијата беше предводена од oрганизациониот секретар и заменик министер за локална самоуправа Љупче Пренџов, oрганизациониот секретар и пратеник во Собранието на РМ, Чедомир Саздовски, потпретседателите Горан Анчески и Мавие Мехмети.