Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Почина Владо Поповски-Претседавач на Централен одбор на ГРОМ

vlado-popovski-posleden-pozdrav19.07.2014 година

Денес  наутро,  по кратко боледување, на 59 годишна возраст почина Владо Поповски, член на Извршниот одбор и претседавач на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ.

Владо Поповски беше долгогодишен политички работник, врвен професионалец и истакната политичка личност во Република Македонија. Беше еден од идејните творци и основач на новиот политички субјект на македонската сцена-ГРОМ. Од 20  октомври 2013 година тој е претседавач на Централниот одбор на  Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ.  Беше претседател на Централниот изборен штаб на ГРОМ на последните претседателски и парламентарни избори.

Со заминувањето на Владо Поповски, ГРОМ изгуби една извонредна личност, еден од темелите на партијата, но пред се искрен пријател и сопартиец.

Најблиските на Претседавачот Поповски ќе се збогуваат  утре во Капелата на Гробиштата „Бутел“ со почеток во 11.30 часот, а погребот ќе се изврши во 13.00 часот.

 

 

 

 

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin