ГРОМ во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

ГРОМ09.07.2014 година

Присутните членови и претседатели на Општинските организации на ГРОМ од цела Македонија, на вечерашната седница на Централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија, со акламација го усвоија предлогот за взаемна соработка со Владата на Република Македонија. 
Лидерот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски за медиумите го истакна своето задоволство пред се за кандидатурата за заменик-министер во локалната самоуправа како и предлогот за влегување во коалиција со ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ.

Извршниот одбор на партијата веќе донесе одлука да се поддржи коалицијата и да учествуваме во Владата со еден заменик-министер како и раководители на други институции кои што ќе бидат понудени за ГРОМ. Очекувано беше дека Централниот одбор ќе ја прифати препораката од извршниот одбор на ГРОМ и одсега па натаму ќе учествуваме во работата на Владата во Република Македонија – истакна претседателот на ГРОМ, Јакимовски. ГРОМ треба да работи на зацврстување на локалните самоуправи, и не случајно, организациониот секретар на ГРОМ, Љупчо Пренџов го предложивме за извршување на оваа обврска, додаде лидерот на ГРОМ. Едногласно и громогласно, членовите на Граѓанската опција за Македонија, го поздравија предлогот и ја усвоија предлог-одлуката за кандидатурата на заменик-министер во областа на локалната самоуправа.

На шестата седница на ЦО на ГРОМ, од страна на членовите, беа предложени неколку предлог-одлуки на кои се отвори дискусија во членството, се со цел да се зголеми ентузијазмот за подобро утре и очекувањата на граѓаните кои имаат доверба во ГРОМ, да бидат се поголеми.