ГРОМ ја поддржува иницијативата против изборно бележење

ГРОМ26.06.2014 година

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ  ја поддржува иницијативата на професорката Татјана Каракамишева што ја поведе пред Уставниот суд за укинување на законската одредба за бележење на палецот со видливо мастило за време на гласањето за избори.

Ставот на ГРОМ е дека е срамота во 21 век, кога другите земји во светот  одат кон електронско гласање, и кога се развиваат  најсофистицирани методи и технички решенија за верификација на гласачите, ние во Република Македонија се уште да се користиме со „средновековни методи“ на бележење на палци, што е застарен, но и понижувачки чин кон самите гласачи.

Инаку на ваквиот чин на бележење на избирачите реагираше и лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, уште за време на претседателските избори како на недостоен чин за една современа и демократска држава.