Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Хуманитарна акција на ОО ГРОМ-Битола

Хуманитарна акција на ОО ГРОМ-БитолаВо рамките на хуманитарната акција за помош на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, погодени од катастрофалните поплави, Општинската Организација на ГРОМ-Битола, предводена од Претседателката  Стојановска Александра и Претседателката на Форумот на Жени на ОО Гром Битола Лидија К.Стојановска организираше масовна хуманитарна акција за собирање на храна, облека, средства за хигиена и вода.
Собраните средства членовите на ГРОМ-Битола ќе ги достават до Регионалниот Центар на Црвениот Крст во Битола  денес петок 23.05 во 13 30ч и од таму ќе бидат пратени до нај критичните подрачја.
Раководството на ГРОМ – Битола чувствува потреба несебично да помогне на сите оние кои имаат потреба од било каква помош и повикува на хуманост од сите граѓани. ГРОМ – Битола ќе продолжи и понатаму со хуманитарни акции од секаков карактер и потреба.

ОО ГРОМ Битола

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin