Акција на ОО ГРОМ Карпош

Кликни за фотогалерија„МАЈСКИ МАРШ НА ВОДНО“

Општинската организација на ГРОМ Карпош, вчера (недела 18 мај 2014 год.) организираше рекреативен марш на Водно на релација од  Средно до Горно Нерези, до црквата Свети Илија. Громовци го искористија  убавиот пролетен ден да спојат повеќе нешта во едно: екологијата, рекреацијата, дружењето и забавата.

Околу 170 члена на ОО ГРОМ од Карпош пешачеа по патеките на Водно за да на крај седнат на заеднички одмор и закуска. Во организација на целиот настан посебна благодарност до месната организација на ГРОМ од Нерези на кои падна најголемиот дел од организацијата, која беше навистина на врвно ниво.