ГРОМ ВЛЕЗЕ ВО ПАРЛАМЕНТОТ НА РМ

GROMДенеска, 7 мај 2014 година, во салата за седници на Државната изборна комисија, организацискиот секретар на Граѓанска опција за Македонија, Чедомир Саздовски, на пригодна свеченост го прими Уверението за пратеник во Собранието на Република Македонија. Со ова ГРОМ и официјално стана дел од законодавниот дом. 

Според резултатот од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 27 април годинава, Чедомир Саздовски и официјално е избран за пратеник во Собранието, каде ќе ги застапува интересите на членовите на Граѓанска опција за Македонија и на граѓаните на Република Македонија кои му ја дадоа довербата.