ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА ЗА ГРОМ ОД СКОПСКИ КАРПОШ

Кликни за фотогалерија24.04.2014 година

Граѓаните на општина Карпош се задоволни од лидерот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, кој е нивни градоначалник, и му изразуваат целосна поддршка нему и на носителот на листата во изборна единица 1, Чедомир Саздовски, за претстојните парламентарни избори. Ова е генералниот впечаток од денешните средби што претседателот на ГРОМ, Јакимовски, ги оствари денеска со жителите на повеќе населби од Карпош.

Тој во текот на денот поразговара со своите сограѓани од Козле, Нерези, Влае и Карпош 4 за локалните проблеми со кои се соочуват, но кои и не се во голем број, со оглед на тоа дека ова е негов втор градоначалнички мандат. Водовод во Нерези, поправка на лифтовите во зградите повисоки од десет ката, промена на покривите од азбест, бесплатни паркиралишта, проширување на некои улици се само дел од проектите што се предвидени да се реализираат наскоро.

– Во Карпош нема диви депонии, хигиената е на многу високо ниво, најголемиот дел од улиците се санирани или се нови, училиштата се целосно реновирани, ги обновуваме градинките, ги поправаме старите дотраени фасади… Има уште некои мали нешта што недостигаат, но Карпош, според тоа што секојдневно го гледаме на теренот, е убаво место за живеење и мене ми е навистина задоволство што дел од заслугата за тоа е и моја – истакна Јакимовски.