ПОВИК ОД ГРОМ ДО ГЛАСАЧИТЕ ВО ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА 6

ГРОМДЕНОВИВЕ СЕ ИЗНАСЛУШАВМЕ РАЗНИ ПОЛИТИЧКИ ИЗЈАВИ КОИ ГИ ПОВИКУВААТ ГРАЃАНИТЕ ДА ГЛАСААТ САМО ЗА  ПОСТОЕЧКАТА ВЛАСТ ИЛИ ЗА ОПОЗИЦИЈАТА.

СОСЕМА НЕЛОГИЧНИ СЕ ИЗЈАВИТЕ СО КОИ НА ГРАЃАНИТЕ ДИРЕКТНО ИМ СЕ СУГЕРИРА ДА НЕ ГЛАСААТ ЗА МАЛИТЕ ПАРТИИ, БИДЕЈЌИ ИМ ПРЕЧАТ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПЛАНОВИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ. ТОА НЕ Е ДОБРО ЗА РАЗВОЈОТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА.

СДСМ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖИ УШТЕ НА КОЛКУ ФРАКЦИИ ЌЕ СЕ ПОДЕЛИ.

НО, И НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ВМРО И ДУИ ДА ВЕ НАВЕДАТ НА ПОГРЕШНА ОДЛУКА СО ПОВИКУВАЊЕ ЗА 62 ПРАТЕНИКА, Т.Е  25 ПРАТЕНИКА ЗА ДА ГИ ОСТВАРАТ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ. НИВНИТЕ РОЗЕВИ ПЛАНОВИ СЕ ЦРНИ ОБЛАЦИ ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА.

СЕТЕТЕ СЕ САМО НА 2008 ГОДИНА, ТОГАШ ВМРО ИМАШЕ 62 ПРАТЕНИЦИ И ЈА ИМАШЕ ЦЕЛОСНАТА ДОВЕРБА НА ГРАЃАНИТЕ И КОАЛИЦИРАШЕ СО ДУИ. СО 2/3 МНОЗИНСТВО ВО ПАРЛАМЕНТОТ МОЖНА Е ПРОМЕНА НА УСТАВОТ.

ГРАЃАНСКАТА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА Е ТРЕТАТА ОПЦИЈА И УБЕДЕНИ СМЕ ДЕКА НАШИОТ ГРАЃАНСКИ КОНЦЕПТ Е ТОЈ КОЈ ЕДИНСТВЕНО УСПЕШНО МОЖЕ ДА ОБЕЗБЕДИ ЕТНИЧКА И ПОЛИТИЧКА СТАБИЛНОСТ ЗА ЕКОНОМСКИ ПРОСПЕРИТЕТ ВО МУЛТИКУЛТОРНО ОПШТЕСТВО.

ü  НИЕ ОД КОАЛИЦИЈАТА ГРОМ УКАЖУВАМЕ ДЕКА СЕКОЈ ЧОВЕК МОЖЕ И ТРЕБА СЛОБОДНО ДА ОДЛУЧИ ЗА КОГО ЌЕ ГО ДАДЕ СВОЈОТ ГЛАС И ТОА ПРАВО СЕ ГАРАНТИРА СО УСТАВОТ НА РМ!

ГРОМ ПОНУДИ ИЗБОРНА ПРОГРАМА СО ИЗДРЖАНИ ПРОЕКТИ ЗА РЕШАВАЊЕ КОМУНАЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ СО ВОДАТА И ОТПАДОТ ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР, ЗА НОВИ ПАТИШТА ВО СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА, ЗА ПОДОБРО ОБРАЗОВАНИЕ И ЗДРАВСТВО, ЗА РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО, ЗА НОВИ ИНДУСТРИСКИ СЕКТОРИ КОИ ЌЕ ДОВЕДАТ ДО ЗНАЧАЈНИ ПРОМЕНИ И ЕКОНОМСКИ РАСТ СО НОВИ РАБОТНИ МЕСТА.

ü  НОВИТЕ ПОДОБРИ ПОЧЕТОЦИ, СЕКОГАШ ЗАПОЧНУВААТ СО МАЛИ ЧЕКОРИ.

ü  И ЦВРСТАТА КАРПА, МОЖЕ ДА СЕ РАСПАДНЕ,АКО ЕДЕН МАЛ БРАН, ПОСТОЈАНО УДИРА ВО НЕА!

ü  ТАКА И КОАЛИЦИЈАТА ГРОМ ЗНАЕ И МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ!

ü  ЈАС ГОРАН АНЧЕВСКИ НОСИТЕЛ НА  ЛИСТАТА НА КАНДИДАТИ ВО ИЕ 6 ЗАЕДНО СО СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ГРОМ, ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ СИМПАТИЗЕРИ НА ГРОМ, СИТЕ ГРАЃАНИ СО ПРАВО НА ГЛАС ОД МАКЕДОНИЈА, А ПОСЕБНО ГЛАСАЧИТЕ ОД ТЕТОВО, ГОСТИВАР, ЈАГУНОВЦЕ, БРВЕНИЦА, МАВРОВО РОСТУШЕ, ДЕБАР КОИ САКААТ ПОДОБАР И ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ ЗА СЕБЕ, ВО НЕДЕЛА НА 27.АПРИЛ.2014 МАСОВНО ДА ИЗЛЕЗАТ ДА ГЛАСААТ И ДА ГО ОСТВАРАТ СВОЕТО ГРАЃАНСКО ПРАВО.

ü  СО ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА БРОЈОТ 8, ЌЕ СИ ДОКАЖЕТЕ ДЕКА СТЕ ХРАБРИ И ГЛАСАТЕ ЗА ГРОМ, ГЛАСАТЕ ЗА ДЕМОКРАТСКА, ЕВРОПСКИ ИНТЕГРИРАНА, ЕТНИЧКИ И ПОЛИТИЧКИ СТАБИЛНА ДРЖАВА, ЕКОНОМСКИ ПРОСПЕРИТЕТНА, ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНА И СО СВЕТЛА ПЕРСПЕКТИВА!

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!