ГРОМ ПРОТИВ НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ОХРИД

Кликни за фотогалеријаНа само три дена до предизборниот молк, кандидатите за пратеници од Охрид активно работеа во струшкиот регион од петтата изборна единица. Имено тие денеска, предводени од носителот на листа за ИЕ5, Љупчо Настоски, беа на средби со граѓани и во посета на семејства во селата Лабуништа, Луково, Враништа и Мислешево. На средбите тие имаа можност да слушнат дел од изборната кампања на ГРОМ и да добијат идеја за принципите кои Граѓанската опција за Македонија планира да ги постави на македонската политичка сцена.

Носителот на листа денеска, во редовниот термин одржа и прес-конференција на која ја истакна потребата од решавање на проблемот со невработеноста во Охрид но и низ цела Македонија и со недостатокот од соодветни работни места за младите високообразовани кадри. Настоски ја искористи приликата да ги претстави идејните решенија кои ГРОМ планира да ги стави во пракса доколку ја добие довербата од граѓаните на 27 април.