Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Реализирани активности на носителот на листа и кандидатите за пратеници од ИЕ5 на 22.04.2014 година

Кликни за фотогалеријаНосителот на листа и кандидатите за пратеници од Охрид и денеска активни во својот град. Работниот ден започна со посета на неколку семејства во стариот дел од градот. Веднаш потоа Љупчо Настоски одржа прес конференција на која во фокусот ја стави визијата на Граѓанската опција за Македонја за граѓанинот во прв план и потенцираше дека ГРОМ ќе настојува гласот на граѓанинот да биде во прв план и да биде во основата на секое политичко дејствување.

На последниот ден од велигденското празнување, со симболичното делење вапцани јајца им посакаа подобро утре и повесели лица догодина на сите сограѓани со кои се сретнаа при прошетката низ охридскиот пазар и чаршијата.

Настоски и кандидатите за пратеници денеска ја посетија и Организацијата на фудбалски судии од Охрид и им подарија комплет дресови, а воедно и накратко им ја претставија програмата на ГРОМ во однос на предвремените парламентарни избори.

Тимовите кои постојано работат на терен, денеска посетија поголем број семејства во Охрид и во Битола.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin