Носителот на листа во ИЕ6 на средби со граѓаните

22.04.2014 година

ИЗ 6

АНЧЕВСКИ ДО МЛАДИТЕ: ГРОМ ЌЕ ЈА ЗАПРЕ „БЕЛАТА ЧУМА“

На вчерашните и денешните средби со младите и невработени лица во Тетово, потпретседателот на ГРОМ и носител на листа на коалицијата ГРОМ во изборната единица 6, м-р Горан Анчески, ги презентираше активните политики на ГРОМ за намалување на невработеноста кои се дел од Изборната програма на ГРОМ. 

М-р Горан Анчески се обрати до сите млади и невработени: “На сите ние јасно дека „белата чума“ и одливот на мозоци и млади образовани кадри ја опустошува Македонија, дека сите млади со едно око и со цел ум размислуваат да најдат начин да си заминат во поперспективни градови и земји.

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ)ги повикува сите млади пред да го направат конечниот чекор на заминување од државава, да се придружат во ГРОМ, а ние безрезервно заедно со сите експерти на ГРОМ преку Академијата за обука на млади ќе ги обучиме и ќе ги надградиме нивните вештини да можат да ги практицираат и да подготвуват проекти со кои ќе аплицираат за користење на средства од ИПА-европските фондови. Дајте ни ја довербата и гласајте за ГРОМ со заокружување на бројот 8, за да можете да ги искористите сите можности за ваша професионална надградба и стекнување со претприемачки вештини им порача Анчевски на младите.

Меѓу другите мерки носителот на листа во изборната единица 6 пред своите потенцијалнио гласачи ги потенцираше следните:

–  20 % субвенција на плата за период од 3 години за секој вработен млад високо образовен кадар

–    40.000 работни места за младите

–    15.000 денари најниска плата за секој вработен

–      Формирање на три нови стратегиски сектори (енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, органско земјоделско производство, селекција и рециклажа на отпад)

-Дескопјенизација

– 35 проекти со младите. Зголемување на учеството на НВО-секторот во ИПА-фондовите на 5% од вкупните средства за ИПА 1 компонентата. Околу десет милиони евра годишно ќе се распределуваат за проекти на невладините организации со цел јакнење на граѓанското општество и

– Обезбедување на фонд за кофинансирање на проекти на НВО од ЕУ програмите на заедниците со цел поттикнување на НВО да повлекуваат поголем износ на грантови и да креираат работни места.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin