Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Велигденски активности на ГРОМ во ИЕ5

Кликни за фотогалерија21.04.2014 година

СОЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР ЖУПА

Носителот на листа за Коалицијата ГРОМ во петтата изборна единица, Љупчо Настоски со кандидатите за пратеници беше во посета на 40 социјално загрозени семејства во Центар Жупа и им поделија социјални пакетчиња, а воедно им ги образложија и решенијата кои ГРОМ ги предлага за оваа категорија граѓани. 

„На ваков голем ден, сите треба да застанеме за момент и да помислиме каде сме, со кого сме и што сме направиле. Да помислиме што имаме ние, а што немаат другите и да  поделиме барем малку со нив. Денеска сме тука со вас, наши пријатели да ви пренесеме дел од нашата верска традиција, затоа што сите ние живееме заедно на едно парче земја и треба да ги знаеме и почитуваме традициите и обичаите на нашите сограѓани од секоја вера и култура“ – рече Настоски на средбата со жители на Центар Жупа.

 

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin