Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Во Велес се отвори петтата Општинска Организација на ГРОМ

Во Велес се отвори петтата Општинска Организација на ГРОМ

Вечерва (16.10.2013) во просториите на административната зграда на Општина Велес, се оформи општинската организација  на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ за Велес. Присутните 168 членови и симпатизери на оваа политичка партија  едногласно го усвоија  предложениот дневен ред  на основачкото собрание кој ги опфаќа  работното претседателство, верификационата комисија, кандидациона комисија како и изборот на органи на оваа општинска организација.

Работното претседателство беше избрано во состав на Благојче Димитриев, Јагода Ресавска и Гордана Костовска. Верификационата комисија ја сочинуваат Јосиф Ресавски, Дарко Даев и Мимоза Стојановска а во кандидационата комисија влегоа Наталија Настовска Димовска, Иван Тодоровски и Димче Ристов.

За претседател на Општинската организација на ГРОМ-Велес едногласно беше избран господинот Штеријо Николов.  Во оваа пригода тој напомена дека целосно ќе се посвети кон спроведување на политичките заложби, цели и идеи кои кореспондираат со идеологијата на оваа партија од центарот.

– Функцијата претседател на ГРОМ е голем предизвик и пред се поврзува голем ангажман и посветеност за спроведување на политичките заложби цели и идеи за функцијата на Граѓанската опција за Mакедонија ГРОМ. Велес е општина во која живеат граѓани од различна национална и верска припадност , да создадеме услови за поубав и подобар живот, за регионален развој на општината, да го придвижиме стопанството- напомена Николов и додаде дека лично ќе се ангажира околу враќање на духот, ведрината, енергијата и посреќниот живот на велешани.

– Мојата цел и задача  е да го подобриме живеењето на граѓаните , да го придвижиме народот кон нашите политички идеи со взаемна толеранција и соживот, да создадеме нови идеи за нови спортски и културни активности – додаде Николов.

На овој свечен чин присуствуваше и претседателот на Граѓанската опција за Македонија, господинот Стевчо Јакимовски. Тој ја презентираше поентата за формирање на оваа политичка опција, а тоа е дека ГРОМ се залага да биде дел од власта, а не надвор од неа.

-Нашата цел е да ја понудиме политичката опција. И власта и опозицијата треба да се соочат со третиот политички субјект и да бидат подготвени на наша победа и на нови идеи и дека сериозно ќе се замешаме за битката на следните парламентарни избори. Нашата разлика е дека ГРОМ не се согласува со начинот на трошење народни пари- посочи Јакимовски.

Првиот човек на ГРОМ говореше за економските приоритети на овој политички субјект во кој спаѓаат  капиталните инфестиции, како и  новите вложувања во културни, спортски, енергетски објекти за разлика од непродуктивните трошоци како што се  спомениците – Да им се помогне на малите и средните претпријатија, а не во вакви нестопански инфестиции и ние сметаме дека под итно треба  да се намалат буџетските расходи за да се зголемат повеќекратно приходите на граѓаните. Повеќе пари кај граѓаните – помалку кај власта-беше дециден Јакимовски.

Поентата ја насочи кон таканаречената  „дескопјезација“.

– Во сите делови од Македонија  состојбата и развојот треба да биде приближно иста. На оние што живеат во руралните средини треба да им се даде подобра шанса. Малите и средните претпријатија се они на кои им се најпотребни финансиски сретства за да флексибилност и прилагодливост на пазарот. ГРОМ се залага за подбар банкарски систем, како и  поголема посветеност и залагање за енергетскиот систем. Алтернативни избори на енергија е најважна компонента од животот во Македонија-истакна претседателот на ГРОМ.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin