БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ТРЕБА ДА СЕ ИНВЕСТИРААТ ВО КОРИСНИ НЕШТА

Кликни за фотогалерија„Младите од Ранковце се исселуваат. Петралица е празна, цели семејства си одат. Кој во Скопје, кој  во странство, луѓето си ја бараат среќата. Ја продаваат земјата пошто-зошто, за пет евра по квадрат, и заминуваат“, вака вели една жителка на селото Петралица, општина Ранковце, чијшто сопруг заминал на печалба.

Во Петралица, денеска, маките на локалните жители ги ислушаа лидерот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, и носителот на листата на кандидати за пратеници во изборната единица 3, Штерјо Николов.

– Со еден добар пат, со неколку тунели, се создаваат услови за жителите од ова село за десет минути да стигнат до Крива Паланка. Така треба да се инвестираат буџетските средства, во корисни нешта – рече Јакимовски, алудирајќи на проектите што во тој поглед ги предвидува изборната програма на коалицијата ГРОМ.

Пред вечерниот митинг во Крива Паланка, Јакимовски и Николов остварија и неколку средби со граѓани на Крива Паланка.