ГРОМ НУДИ МЕРКИ ЗА КОНКУРЕНТНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

Кликни за фотогалерија18.04.2014 година

„Во краиштата на Македонија каде граѓаните се занимаваат претежно со земјоделство, впечатоците од нашите средби се дека тие живеат и работат во многу тешки услови. Нашите земјоделци се жалат на неисплатени субвенции и стимулации, иако секоја година од Владата слушаме дека се издвојуваат по 140 милиони евра за таа намена“, рече во својата изјава за медиумите лидерот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, денеска во Кавадарци. Таму претседателот на ГРОМ, придружуван од носителот на листата за кандидати за пратеници во изборната единица 4, Панчо Минов, оствари низа средби со земјоделците, пазарџиите, локалните жители… Тој со нив разговараше за земјоделската политика што ГРОМ ја предвидува со својата изборна програма, а која се однесува на намалени даноци на приход за земјоделците, намалување на надоместот за вода, намалување на даноците за семенски и саден материјал, нафта, резервни делови и други неопходности што на земјоделците ќе им го олеснат производниот процес, а на граѓаните на Македонија ќе им понудат поевтин земјоделски производ. „Во мене имате пријател, а ако бидам пратеник, вие знаете дека со мене во Собранието на Македонија ќе имаате претставник на граѓаните кој секој еден закон ќе го гледа низ призмата на интересите на граѓаните од Кавадаречко и од Тиквешко“, им вети Минов на своите сограѓани. Покрај со кавадарчани, Јакимовски и Минов поразговараа и со неготинци и со прилепчани, а ги посетија и селата Возарци и Дреново.