Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: ГРОМ бара да се смалат драконските казни за граѓаните

Press-15.04.2014-Граѓаните на Република Македонија се соочуваат со невидени притисоци и огромни финансиски оптоварувања кои им ја загрозуваат секојдневната егзистенција.Тие се доведени до бездната од страна на извршителите кои безскрупулозно и мезмилосно надвор од правните прописи во државава им се сопираат целосно средствата за живот.

Со овие зборови кандидатите за пратеници во Собранието на Република Македонија од Коалицијата ГРОМ  проф.д-р Татјана Стојановска-Иванова и Драгиша Милетиќ денес се обратија на конференцијата за печат изнесувајќи ги своите согледувања на терен во секојдневните контакти со граѓаните за време на кампањата за парламентарни избори.

-Бевме сведоци, изјави Иванова, како во неколку семејства им беа дојдени на врата извршители, нахални,дрски и со закани и како пред наши очи бараа под итно да се платат долговите за парно иако кај истите семејства четири години парното е исклучено и демонтирано.  Тие луѓе, бидејќи живеат на поткровје немаа ниту цевки од кои ќе се греат,а камо ли да користат затоплување.

На друго семејство, рече кандидатката за пратеник Татјана Стојановска –Иванова, во целост им се блокирани сите пари за месечно преживување, односно запрена им е цела пензија што е противзаконско. Според позитивните законски прописи може да се блокираат најмногу до 1/3 од примањата додека останатата сума мора да се остави за егзистенција.

Оттаму, како што истакнаа кандидатите на  ГРОМ, Граѓанската опција за Македонија во својата програма и ние како избраници на народната власт инсистираме:

  1. Да се запре присилната наплата и да не се зема од уста на граѓаните во услови на енормна сиромаштија.
  2. ГРОМ ќе се залага за намалување на казните и извршителските трошоци до 80%.
  3.  ГРОМ нуди бесплатни правни совети за оние кои се нашле во ваква состојба и кои не си ги знаат своите основни граѓански права

-Целта ни е, како што истакна Иванова, во овие исклучително тешки времиња да помислиме на обичниот граѓанин кој е притиснат од инквизициски казни и реперкусии од финансиски и било кој друг аспект, што дополнително го отежнува живеењето и секојдневието. Затоа, ние како Граѓанска опција за Македонија кои граѓанинот го ставаме во прв план експресно реагираме на ваквите неправди, сé во функција на почитување на граѓанските права и слободи.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin