Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

МУЛТИЕТНИЧКОТО ШАРЕНИЛО Е ПРЕДНОСТА НА МАКЕДОНИЈА

Кликни за фотогалеријаПретседателскиот кандидат на Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ, проф. д-р Зоран Поповски, денеска беше гостин во Горно Нерези. Придружуван од коалицискиот партнер на ГРОМ, Драгиша Милетиќ од Српската напредна странка, како и од носителот на листата во изборната единица 1, Чедомир Саздовски, Поповски се сретна со граѓани во ова скопско село и со нив ги сподели визиите на Граѓанска опција за Македонија во поглед на меѓуетничкиот соживот.

– Мултиетничкото шаренило на Македонија за некого е хендикеп, но за мене е предност, ние само треба да се научиме да живееме заедно, а не едни покрај други. Сиромаштијата, невработеноста се тие што се наши непријатели, ние не сме непријатели едни на други – рече Поповски.

Неговото мислење го дели и лидерот на Српска напредна странка, Драгиша Милетиќ, кој истакна дека „ако можат Дачиќ и Николиќ во Србија да разговараат со Албанците од Косово, зошто не би можеле ние?“

– Сите треба да знаеме дека ние имаме нешто што ни е заедничко, тоа е нашата земја – подвлече Милетиќ.

Средбата во Горно Нерези беше добредојдена за населението од овој дел на Скопје, од албанска етничка припадност, да се запознае и со носителот на листата за кандидати за пратеници во изборната единица 1, Чедомир Саздовски, кој изрази мислење дека Нерези е токму тоа што треба да биде Македонија во целост, пример за соживот меѓу населението од различни етникуми.

Попладнето претседателскиот кандидат на ГРОМ средбите со граѓаните ги продолжи во Аеродром, каде што ги посети тезгеџиите на локалното пазарче, а поразговара и со дуќанџиите од локалните трговски центри.Кликни за фотогалерија

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin