Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Љупчо Настоски меѓу своите сограѓани

Средба со граѓани во Охрид08.04.2014 година

Носителот на листата за кандидати за пратеници на Граѓанската опција за Македонија во изборна единица 5, Љупчо Настоски, придружуван од неколку членови на подмладокот на ГРОМ, вчера оствари низа средби со граѓани на својот роден Охрид.

Граѓаните беа видно заинтересирани за профилот на претседателскиот кандидат од редовите на ГРОМ, Зоран Поповски, а имаа можност да слушнат и кои се целите и идеите на партијата во однос на претседателските избори, како и во однос на предвремените парламентарни избори, директно од претседателот на ОО на ГРОМ – Охрид и носителот на листа. ОхридНастоски посети и повеќе семејства низ Охрид и побара од своите сограѓани да бидат навистина храбри и да не се двоумат да ѝ дадат поддршка на партијата која за многу краток период покажа дека може да направи позитивни промени.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin