Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Сиромаштијата и невработеноста се најголемиот и заеднички непријател на сите граѓани

Кликни за фотогалерија08.04.2014 година

Токму ова чувствително прашање треба да го актуелизира претседателот на Република Македонија како мегафон и во име на граѓаните на земјава. Ова беше главната тема на разговорот на кандидатот за претседател на Граѓанска опција за Македонија, проф. д-р Зоран Поповски, со граѓаните на скопските села Кондово, Долно Свиларе, Рашче и Шишево.

Претпладнево кандидатот на ГРОМ, Поповски, се сретна со повеќе од стотина граѓани од овие периферни скопски населби и најнепосредно, низ искрен разговор, ги отвори овие прашања што ги мачат сите граѓани на Македонија. Напладне, Поповски направи полчасовна обиколка на пазарчето Тафталиџе, каде што со производителите и продавачите размени мислење околу проблемите со кои се соочуваат пазарџиите и потребите што ги имаат околу покривањето на пазарчето. Во попладневните часови Поповски посети стотина граѓани од Злокуќани, на улиците 22 и 3, каде на локалните жители им го чест Меѓународниот ден на Ромите и ги запозна со чекорите кои тој може да ги преземе како претседател на РМ во рамки на уставните ингеренции и надвор од нив за да им го подобри животот на сите граѓани, без оглед на нивната етничка и религиска припадност. Покрај тоа, тој оствари средби и со граѓани на Волково и на Ѓорче Петров.  

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin