Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

КАВАДАРЦИ И ТИКВЕШИЈАТА ЌЕ БИДАТ ЦЕНТАР НА ВИНАРИЈАТА

Кликни за фотогалерија07.04.2014 година

Граѓанската опција за Македонија ги удри темелите во четвртата изборна единица, во градот на виното и лозјето. Тиквешијата и Кавадарци, беа дел од 15-тиот митинг на ГРОМ, кој се одржа вечерва на плоштадот во Кавадарци. Пред двеилјадитата публика се обратија коалиционите партнери Иван Величковски, председателот на Либералната партија и Слободан Угриновски, претседател на Титовите леви сили, кои им посочија на симпатизерите и на сите присутни граѓани дека не треба да се плашат да живеат во слобода и на слобода.

“ГРОМ е одважна и важна политичка партија, која се гордее на својот кандидат Зоран Поповски, а тој ја заслужува довербата на граѓаните од Кавадарци и пошироко“-се надополнија коалиционите партнери, кои веруваат во подобра иднина. Носителот на листата за четвртата изборна единица, Панчо Минов со поздравен говор се обрати пред својата публика со љубовта која ја чуствува за својот град. -Ние имаме се, зеленило и планини, чист воздух, но ни фали едно нешто а тоа e лидер. Ни фали водач, ни фалат храбри победници како нашиот лидер Стевчо Јакимовси, како претседателскиот кандидат Зоран Поповски. Ве уверувам дека ќе ја вратиме демократијата, ќе го вратиме единството и достоинството во Кавадарци и Тиквешијата. Мора да има единство за сите и законот да важи за сите граѓани, ќе има каде да се пофалите и пожалите. Кавадарци и Тиквешијата ќе бидат центар на винаријата. – заврши Минов и додаде дека ГРОМ мисли за вистинските проблеми на земјоделецот, како и дека оваа трета опција за граѓаните мисли како да ги заштити вработените со минимална плата од 250 евра. „Бројот 4 е глас за вас, глас за Македонија“. На овој начин, претседателскиот канидат Зоран Поповски им се обрати на љубителите и симпатизерите на Граѓанската опција за Македонија. Кликни за фотогалерија-Имав можност да видам погледи на надеж, погледни за помош, погледи да се обединиме околу единствениот непријател кој што го имаме во Македонија а тоа е сиромаштијата.  Да им објавиме војна на сиромаштијата и нерваботеноста. Партиската книшка стана пасош за успех во животот, пасош за работа за развој во кариерата, таа пракса мораме да ја прекинеме зошто младите и понатаму ќе ни бегаат. – посочи Поповски и заврши со мислата дека од придобивките од буџетот треба да уживаат сите граѓани, а не само дел од нив. На крајот од големиот митинг, пред многубројната публика се обрати и лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. -Повеќе пари за народот и за претпријатијата, а помалку за владата. Така ќе ни живне и нардот и стопанството. Да ги намалиме буџетските расходи, да ги намалиме давачките за да може да здивне и стопанството во Република Македонија. Сметаме дека треба да се направат стабилни институции на системот. Неможе да имаме стабилна држава без стабилни институции. Не партиите да даваат отчет што сработиле, институциите треба да дадат отчет што имаат сработено. ГРОМ е партија која што сака да ги заштити послабите, угнетените, оние граѓани кои што шепотат и офкаат, а не оние кои гласно викаат. ГРОМ е партија која им објавува војна на криминалците. Тие не се наше друштво ниту ќе бидат. – посочи Јакимовски и додаде дека ГРОМ е партија која ќе се грижи за земјоделието, каде земјоделците ќе имаат каде да го постелат својот труд, а тоа се новите пазари и повеќе пазари.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin