Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Митинг на коалицијата ГРОМ во Богданци

Кликни за фотогалерија06.04.2014 година

МЕНУВАЈТЕ ГИ ШАПКИТЕ, НО НЕ И МИСЛЕЊЕТО

Четиринаесеттиот митинг на ГРОМ, кој вечерва се одржа во Богданци, на граѓаните на оваа општина им ги претстави претседателскиот кандидат на коалицијата, проф. д-р Зоран Поповски, и кандидатите за пратеници од четвртата изборна единица, на чија листа предводник е Панчо Минов.

Прв на богданчани им се обрати Гоце Петрушев, претседателот на Општинската организација на ГРОМ – Богданци, кој пред своите сограѓани зборуваше за секојдневието за кое Граѓанската опција за Македонија нуди нова визија. –          Богданци тоне, пропаѓа, Богданци некој го распродава. Но, со ГРОМ нема да биде така зашто таа исправно гледа на развојот на секоја општина еднакво – подвлече Петрушев. По него, носителот на листата во изборната единица 4, Панчо Минов, организациски секретар на ГРОМ, порача дека ГРОМ е неопходност за Македонија, за да се стави крај на сиромаштијата, недемократијата, недостоинствениот живот, неинтегрираноста во Европската Унија и во НАТО… Минов во целост ја претстави и изборната програма на ГРОМ, осврнувајќи се особено на земјоделството. –          Еден од приоритетите на ГРОМ е да обезбеди евтин земјоделски производ за напредок на земјоделството во целост. Тоа ќе се постигне со укинување на данокот за земјоделска дејност, укинување на водниот надомест, акцизите и данокот на додадена вредност за нафтата,семенските материјали… Така се создава евтин и кокурентен земјоделски производ и богата трпеза за нашите граѓани – истакна Минов. Пред богданчани говореше и кандидатот за претседател од коалицијата ГРОМ, проф. д-р Зоран Поповски, кој на граѓаните им порача дека ќе биде нивни мегафон и адвокат и нема да дозволи тие да талкаат од врата до врата. –          Во изборната единица 4 направивме навистина добра листа за кандидати за пратеници, на која зад Панчо Минов застанаа 19 навистина извонредни луѓе кои заслужуваат шанса – рече Поповски. Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, последен им се обрати на членовите и симпатизерите, но и на граѓаните на Богданци. Тој ги коментираше впечатоците од ТВ-дуелот на претседателските кандидати и истакна дека анкетите покажуваат големо задоволство кај граѓаните од настапот на кандидатот за претседател од ГРОМ, Зоран Поповски. Тој ја коментираше и актуелната понуда во кампањата на конкурентите и изрази мислење дека по 20 години менување на двете големи политички опции на власт, на граѓаните им е тешко да веруваат во нивните ветувања. –          Деновиве некои партии даваат отчет за сработеното пред граѓаните. Институциите се тие што треба да дадат отчет, а не партиите! Институциите треба да имаат континуитет, стабилност и тие да им служат на граѓаните, а не на партиите – истакна Јакимовски. Тој, исто така, подвлече дека граѓаните ги очекува уште една кампања полна со ветувања, манипулации, лаги… –          Ќе ви доаѓаат разно-разни месии, ќе ви нудат разно-разни посластици. Каква шапка и да ви понудат, земете ја, ставете ја на глава, но никако не менувајте го тоа што ви е во главата. Никако не менувајте го своето мислење и на 13 и на 27 април излезете и гласајте според сопственото убедување – порача за крај Јакимовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin