Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

КАНДИДАТОТ ПОПОВСКИ ДОНИРАШЕ ЗА БЕЗДОМНИТЕ

Кликни за фотогалеријаДенеска претпладне, во организација на Форумот на жени од Бутел, кандидатот за претседател на Република Македонија од коалицијата ГРОМ, проф. д-р Зоран Поповски, беше во посета на Пунктот за бездомници на Црвениот крст на Македонија кој се наоѓа во Момин поток.

Притоа претседателскиот кандидат Поповски даде лична донација во облека, обувки и парични средства за бездомните, а помина малку време и во разговор со вработените во пунктот кои го запознаа со секојдневните потреби на оваа установа. Поповски вети дека во најскоро време ќе се погрижи да се подобрат и условите во кои престојуваат околу 40 бездомници, да се поправи тендата и некои други интервенции во инвентарот.

На оваа хумана посета се придружија и претставници од Oпштинската организација на ГРОМ Бутел и Форумот на жени од Бутел, кои неколку петоци наназад го посетуваат пунктот за бездомници во Момин поток и им пружаат соодветна хуманитарна помош.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin