Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Хуманитарна помош за семејства во социјален ризик од Злокуќани

Кликни за фотогалеријаФорумот на жени ГРОМ – Карпош, со посредство на Месниот форум на жени на ГРОМ – Злокуќани, реализира уште една хуманитарна акција за помош за семејства во социјален ризик од Злокуќани. Беа опфатени педесетина семејства на кои им беше потребна итна помош во храна, првенствено млечни производи.

Се донираа околу 750 парчиња прехранбени продукти за да се помогне во нивната секојдневна битка за преживување. Беа посетени семејства од различни категории: граѓани со нарушена здравствена состојба, инвалидизирани лица, лица со психички проблеми, самохрани родители, повеќечлени семејства, семејства во кои не е вработен ниеден нејзин член, стари лица и семејства кои немаат елементарни услови за живеење.

При посетата се разговараше за сите нивни најитни потреби, се детектираа најгорливите проблеми кои би можело во иднина да се разрешат со хуманиратни акции од друг вид. Форумот на жени на ГРОМ – Карпош и понатаму стои на располагање на граѓаните, сè со цел да се помогне на што повеќе семејства во решавањето на нивните животни проблеми.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin