ГРОМ СЕ ЗАЛАГА ЗА ФУНКЦИОНАЛНА ДЕМОКРАТИЈА

кликни за фотогалерија - ГРОМ го одржа својот политички митинг во центарот на ПрилепНова надеж за подобар живот се роди вечерва кај граѓаните кои живеат под Марковите кули, откако коалицијата ГРОМ го одржа својот политички митинг во центарот на Прилеп. Пред граѓаните кои се одлучија да настапат храбро и да и да бидат дел од новата визија во Македонија, се обрати претседателскиот кандидат на коалицијата ГРОМ, Зоран Поповски.

-Како што гледате, општата состојба во нашата држава е анемична, апатична и се чувствува стагнација во сите сфери на општеството. Тоа е така, бидејќи   наместо да се занимаваме со иднината, ние се посветивме на минатото. Македонија не смее да си дозволи да го изгуби младиот потенцијал кој си заминува со страотно темпо од државава. Ние како политичка партија нема да дозволиме да се развива овој негативен тренд –истакна Поповски.

Кликни за фотогалерија - ГРОМ го одржа својот политички митинг во центарот на Прилеп

Според него, решението е во економските, политичките, судските реформи, како и конструктивниот пристап со цел, унапредување на образовниот процес и  конкретни мерки за подигање на нивото на квалитетот на здравствените услуги.

-Само под такви услови, ќе успееме да ја задржиме младата популација во Македонија без која нема просперитет. Од витално значење е нашата земја да ја сместиме под безбедносниот чадор на НАТО. А тоа е возможно бидејќи праксата од нашето соседство ни вели дека на Балканот нема нерешливи проблеми – додаде Зоран Поповски.

Свое концизно обраќање имаше лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски кој пред присутните го истакна осмислниот концепт за развој на стопанството во овој регион.

-Според мене клучот е во рамномерните субвенции кои навистина ќе допрат до секој земјоделец. Тоа ќе се случи само кога политиката ќе го смени својот репресивен пристап кон стопанството.  Гром ќе ги стимулира земјоделците, бидејќи работливиот народ заслужува можност да го реализира својот труд. Во нивно име ќе бараме пласман на земјоделские производи на светските пазари.На крајот треба сите да се запрашаме, каква држава градиме ние? Во таа насока ќе ви кажам дека Граѓанската опција ќе се бори за функционална демократија, а не декларативна – поентираше Јакимовски.

Во рамките на денешниот митинг говореа и членот на Централниот одбор на ГРОМ,  Маја Тодосова и претседателот на партијата Титови леви сили Слободан Угриновски, кои заеднички констатираа дека во Македонија, луѓето конечно почнаа да го препознаваат граѓанскиот концепт кој недостасуваше во Македонија.