Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

СИЛАТА НА ГРОМ ДОАЃА ОД ГРАЃАНИТЕ

Кликни за фотогалерија - Силата на ГРОМ доаѓа од граѓаните„Дали во Македонија има демократија, слободни медиуми, дали стандардот е на задоволително ниво? Дали Македонија е дел од НАТО? Има ли политичка сила која може да ги корегира овие општествени аномалии’’ – низ реторичка форма говореше претседателскиот кандидат Зоран Поповски на вечерашниот митинг кој го одржа коалицијата ГРОМ во центарот на Пробиштип.

Поповски, обраќајќи се до присутните поддржувачи на Граѓанската опција, го насочи фокусот кон економските прашања и приоритети кои треба да бидат клучот за унапредување на животниот стандард на граѓаните.

-На Македонија и треба сила која ќе го тргне стравот кој е присутен меѓу народот. ГРОМ е политичката сила која ќе се соочи со оваа негативна појава и сосема очекувано, ќе ги поттикне луѓето, отворено да го кажат својот став. Како партија сакаме да создадеме атмосфера во која ќе се развива демократијата и пред сé,  економски и социјални услови за достоинствен живот – посочи Зоран Поповски.

Кликни за фотогалерија - Силата на ГРОМ доаѓа од граѓаните

На денешниот митинг присуствуваше и лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој со својот инспиративен говор ги охрабри  жителите на Пробиштип.

-Нема горда држава без горди граѓани. Ние постоиме заради вас и вие ни давате сила и мотив да работиме напорно. Се чувствувам тажно кога го гледам источниот дел на Македонија кој се соочува со безизлезната ситуација, пред сé на економски план. Најголемиот дел од нашата програма нуди конкретни решенија, за санирање на несоодветната економска политика која го разорува стопанството. За овој реон од витално значење се правилните стимулации во земјоделството. Поточно, преземање на мерки, со кои ќе се укинат акцизите и даноците на нафтата која ја користат земјоделците и вложувања во инфраструктурни објекти – порача претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Во рамките на вечерашниот митинг во Пробиштип, свое обраќање имаа и претседателот на ФОМ – ГРОМ, Бојан Велевски и членот на ОО ГРОМ од Пробоштип, Киро Тодосов. Тие истакнаа дека Граѓанската опција за Македонија нуди позитивни решенија за граѓаните, но во исто време е отворена за сите конструктивни предлози, кои би ја придвижиле Македонија во развојна насока.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin