Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Коалицијата ГРОМ ја комплетираше пратеничката листа за парламентарните избори 2014

ГРОМНа петтата седница на Советот на Централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија која се одржа денеска, Претседателот на партијата Стевчо Јакимовски ја соопшти изборната листа на коалицијата ГРОМ, за претстојните парламентарни  избори  во сите шест изборни единици (ИЕ).

Носител на листата за ИЕ 1 ќе биде проф. д-р Чедомир Саздовски. Во втората ИЕ, носител на листата ќе биде Виктор Цветковски. Штеријо Николов ќе биде носител на листата на ИЕ 3. Во четвртата изборна единица, носител ќе биде Панчо Минов, во ,,петката’’ носител е Љупчо Настоски, додека Горан Анчески ќе ја бара довербата на граѓаните во шестата изборна единица.

Пред присутните делегати, лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, ја изнесе анализата за досегашниот тек на кампањата на кандидатот за претседател на Македонија, Зоран Поповски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin