Средба Поповски-Штајнакер

ГРОМГРОМ САКА НОВА ПОЛИТИЧКА ПОНУДА

Кандидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ Зоран Поповски денес одржа едночасовна конструктивна средба со германската амбасадорка во Македонија Гудрун Штајнакер.

Тема на интересирање на Штајнакер беше програмата на претседателскиот кандидат на ГРОМ како и воопшто политичката понуда на оваа нова опција во државата за граѓаните на Република Македонија.

-Она на што инсистира и зашто е формирана ГРОМ, рече во оваа пригода претседателскиот кандидат поповски, е граѓаните да имаат поголема политичка понуда од досега. Освен тоа ГРОМ сака повеќе внимание да се посвети на индивидуалноста и на секојдневните потреби на граѓаните а не фокусот постојано да се држи во двете најголеми политички партии во државата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, реќе Поповски. Тој ги повтори своите ставови за добрососедски односи и за релативизирање на проблемот со името преку приближување и затоплување на односите кон соседите преку контактот со различни целни групи, односно преку спортот, културата, уметноста.

Кандидатот на ГРОМ ја спомена и една од клучните цели на Граѓанската опција за Македонија-дескопјеизацијата, на што германската амбасадорка Штајнакер ја даде целосната поддршка за реионализација и јакнење на капацитетите економски, образовни, културни на делови од внатрешноста на државата.

Германската амбасадорка ја нагласи важноста на релаксација на стопанството и на мултиетничката стабилност во земјата, нешто што е во основите на платформата и визијата на ГРОМ, беше заеднички констатирано.