Акција за подигање на свеста за екологијата

Акција за подигање на свеста за екологијатаВо рамките на одбележувањето на Денот на екологијата, како дел од централната акција под мотото Еко младина – здрава средина, на 23 март 2014 година, Форумот на млади на ГРОМ – Охрид, заедно со Форумот на жени на ГРОМ – Охрид, одржа неколку акции за подигање на свеста за екологијата, славејќи го почетокот на пролетта.

Прв чекор беше делењето пораки на тема екологија на случајни минувачи. Потоа, членовите на ФОМ и на ФОЖ ГРОМ – Охрид се упатија кон Националниот парк „Галичица“, каде што спроведоа акција за чистење и засадување дрвца за поздрава средина.

– Ваквите акции се од неизмерна важност за охридскиот регион, но и за цела Македонија. Средината во која живееме е огледало на нашето однесување. Ние младите мора да дадеме свој придонес во екологијата којашто е една од најкритичните теми во светски размери – велат од ФОМ ГРОМ – Охрид.

Кликни за фотогалерија