Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Средба: Герт Аренс- Стевчо Јакимовски

ГРОМДенес, во просториите на Републичкиот штаб на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ, шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, г-дин Герт Аренс со неговата делегација остварија работен состанок со претседателот на ГРОМ г-дин Стевчо Јакимовски.

На состанокот се разговараше за актуелните политички состојби, очекувањата и предвидувањата на ГРОМ за регуларноста на изборите и целовитоста на избирачкиот список. Господинот Аренс посебна нагласка стави на тоа дали ГРОМ има некои индиции или очекувања за можни нерегуларности и насилства на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Лидерот на ГРОМ Јакимовски се повика на неговото долгогодишно искуство како политичар и изборните циклуси кои ги има зад себе, што значи дека сите форми на можни нерегуларности му се познати. Сепак со одредени интервенции во законите и со измени во медиумското презентирање на сите учесници во изборите таквите шанси се смалени. ГРОМ не мисли да плаче и да се жали, рече Јакимовски, туку  ќе се обиде со позитивна кампања и со силата на аргументите да ги добие битките со своите против кандидати, нагласувајќи дека не очекува насилства и поголеми нерегуларности во текот на кампањата и самите избори.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin