СПОРТ, ЕКОЛОГИЈА И МЛАДОСТ ВО АКЦИИТЕ НА ФОМ – ГРОМ

ФОМ ГРОМ БитолаНа 23 март 2014 година, како дел од централната акција на ФОМ-ГРОМ, и ФОМ ГРОМ – Битола одржа спортско-еколошка акција во Националниот парк „Пелистер“.

Дваесетина членови на Форумот на младите, потпомогнати од Општинската организација на ГРОМ-Битола, успешно ја спроведоа акцијата, која во духот на спортот и на екологијата, опфати пешачка прошетка и собирање отпад на Пелистер. Акцијата имаше и едукативно-креативен карактер, со тоа што младите остварија непосреден контакт со присутните граѓани-излетници, разговарајќи со нив за зачувување на природата и делејќи им јаболка со цел да се откажат од пушењето. Целта на таа постапка беше да се изврши влијание врз излетниците во насока на тоа да се намали непријатната навика на фрлање отпушоци на Пелистер, со што би се спречил и потенцијален пожар.

Присутните граѓани добро ја прифатија акцијата, како и раководството на Националниот парк „Пелистер“, кое ги покани и пречека сите членови на ГРОМ-Битола со топол чај и ја истакна оваа иницијатива како прва и единствена спроведена на Националниот парк.

Вакви акции се одржаа и во другите општински организациии во Македонија. Кичевскиот подмладок на ГРОМ собираше отпадоци во паркот во родниот град, а светиниколските младинци – во новиот градски парк.

– Многу граѓани ни се придружија на нашата акција бидејќи видоа дека нашата порака „ако самите не придонесеме, никој нема да го стори тоа за нас“, нависитна е реална – ни рекоа од ФОМ ГРОМ – Свети Николе.

Штипскиот ФОМ, пак, во комплексот на манастирот „Св. Недела“ засади 20 борови садници, а младинците навистина се потрудија да ги исчистат многубројните отпадоци што остануваат зад посетителите на ова излетничко место.

 Кликни за фотогалеријаЕКО младина – здрава средина Штип  Кликни за фотогалеријаЕКО младина – здрава средина Свети Николе
 Кликни за фотогалеријаЕКО младина – здрава средина Битола  Кликни за фотогалеријаЕКО младина – здрава средина Кичево