Говор на Иван Чепреганов, претседател на Градската организација на ФОМ ГРОМ – Скопје

Ivan CepreganovПОЧИТУВАНА МЛАДИНО НА ГРОМ, ПОЧИТУВАНИ ДРУГАРИ И ДРУГАРКИ ОД МЕТРОПОЛАТА СКОПЈЕ, ОД КОЈА ПОЛЕКА ОСТАНУВА САМО „ПОЛАТА“ А СЕ ПОВЕЌЕ „МЕТРИ“.

ЗАДОВОЛСТВО МИ Е ВЕЧЕРВА ШТО СЕДАМ ПРЕД ВАС.

НЕ, ИЗВИНЕТЕ, ЧЕСТ МИ Е ВЕЧЕРВА ШТО СЕДАМ СО ВАС И ПОКРАЈ ВАС!

ЗНАЕТЕ ЗОШТО: ЗАШТО ПРЕД МЕНЕ СЕ НАОЃА НАЈХРАБРАТА МЛАДИНА ВО МАКЕДОНИЈА,  СЕ НАОЃА МЛАДИНАТА НА ГРОМ!

ЈАС ПРЕД МЕНЕ ГЛЕДАМ  ПРЕКРАСНИ ДЕЧКИ И ДЕВОЈКИ, МОЈА ГЕНЕРАЦИЈА (ГОРЕ – ДОЛУ), МОЈА КРВ, А ЗНАЕТЕ ЛИ ШТО НЕ ГЛЕДАМ? ЈАС НЕ ГЛЕДАМ ЛЕПАЧИ НА ПЛАКАТИ ВО НАЈАВА, НЕ ГЛЕДАМ ПАРТИСКА ВОЈСКА, НЕ САКАМ И НЕ ГЛЕДАМ МЛАДИНА КОЈА Е СЛЕП ПОСЛУШНИК, ТУКУ ЕКИПА КОЈА  ПРЕД СЕ Е ПРЕТСТАВЕНА ПРЕКУ АМБИЦИОЗНИ МЛАДИ ЛУЃЕ КОИ ТОЧНО ЗНААТ КОИ СЕ, ШТО СЕ И ШТО САКААТ.

А ЗНАЕТЕ ЛИ НИЕ ШТО САКАМЕ? САКАМЕ ИДНИНА! ЈА САКАМЕ МАКЕДОНИЈА И САКАМЕ ДА ОСТАНЕМЕ ВО НЕА. ОНАКВА КАКВА ШТО НИЕ ЌЕ ЈА ЗАМИСЛИМЕ И НИЕ ЌЕ ЈА НАПРАВИМЕ. ДА НЕ ЗАВИСИМЕ ОД МИЛОСТА И ДОСЕТЛИВОСТА НА СТАРИТЕ  ПОЛИТИЧКИ „ЛИСИЦИ“. ЗА НИВ СЕКОЈА ЧЕСТ И ПОЧИТ! НО ЗА НАС-ИДНИНАТА. НАШЕТО ВРЕМЕ ДОПРВА ДОАЃА И ПРЕКУ ОВАА ОРГАНИЗАЦИЈА САКАМ ДА ДОКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ СПОСОБНИ ДА ВЛИЈАЕМЕ ПОЗИТИВНО ВРЗ СЕКОЈ МЛАД ЧОВЕК. ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ СПРЕМНИ ДА УЧИМЕ ОД „ПОЛИТИЧКИТЕ ИСКУСТВА“ ВО ОВИЕ ДВЕ ГОДИНИ ОД НАШИОТ МАНДАТ А ПОТОА…Е ПОТОА ДА ДОЈДЕМЕ ВЕЌЕ ОБУЧЕНИ, СПРЕМНИ И ИСКУСНИ И ДА ГО ПРЕЗЕМЕМЕ И ПРИФАТИМЕ ВИСТИНСКИОТ ПРЕДИЗВИК ВО ВОДЕЊЕТО КОН ПОДОБАР ЖИВОТ НА НАШАТА МЛАДИНА , НА НАШАТА ПАРТИЈА, НА ОВОЈ НАРОД И ОВАА НАША ДРЖАВИЧКА.

НИЕ САКАМЕ ДА ЗГРМИМЕ НА ПОЛИТИЧКИОТ ПРОСТОР. ДА КАЖЕМЕ ДЕКА САКАМЕ ДА УЧИМЕ, НО НЕ СО СРЕДНОВЕКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ, ТУКУ СО ЕВРОПСКО. НЕ ВО МУВЛОСАНИ СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ ТУКУ ВО ПРИСТОЈНИ, ЧИСТИ И ДОСТАПНИ ДО СИТЕ ПОДЕДНАКВО. ВО СОБИ ЗА КОИ ЌЕ АПЛИЦИРААТ СИТЕ, А ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ ОНИЕ НА КОИ НАВИСТИНА ИМ ТРЕБААТ, БЕЗ ОГЛЕД КОИ СЕ, ЧИИ СЕ ПО НАЦИЈА, ВЕРА, ПРИПАДНОСТ.

НИЕ СМЕ МЛАДИ КОИ НЕ САКАМЕ ДЕЛБИ ПО НИТУ ЕДЕН ОСНОВ. ТОА Е ОСНОВНАТА ИДЕЈА И ВИЗИЈА НА ГРОМ. СЕ ДРУГО Е ЛАГА. И ТОА ПРОВЕРЕНА ЛАГА КОЈА ВЕЌЕ НЕ ВИРЕЕ НА ОВИЕ ПРОСТОРИ. ЛАГА КОЈА ИСЕЛИ 400 ИЛЈАДИ НАДЕЖНИ МЛАДИ ЛУЃЕ  СПРЕМНИ СО ТОП ЗНАЕЊЕ , СИЛА И ЕНЕРГИЈА КОИ ГИ ПОКЛОНУВААТ ТАМУ НЕКАДЕ ДАЛЕКУ ОД МАКЕДОНИЈА.НО СИТЕ ЗНАЕМЕ ДЕКА СРЦЕТО ИМ Е ОСТАНАТО ТУКА, ВО МАКЕДОНИЈА.

ЗА МЕНЕ, СРЦЕТО, ДУШАТА И ИДНИНАТА МИ СЕ ВО МАКЕДОНИЈА.ЕДНА ВИСТИНСКА ГРАЃАНСКА МАКЕДОНИЈА. ЛИЧНО ЈАС СУМ ПРИМЕР КОЈ САКАМ ДА ГО СЛЕДИ ОВАА МЛАДИНА, ИАКО СУМ БИЛ ВО МОЖНОСТ ДА ОСТАНАМ ВО ЕДНА СТРАНСКА ЗЕМЈА, ВО КОЈА НА ТРИ ПАТИ СУМ ОДЕЛ, СЕКОГАШ СУМ СЕ ВРАЌАЛ НАЗАД ВО МАКЕДОНИЈА. МИСЛАМ ДЕКА СИТЕ НИЕ  СМЕ СЛОЖНИ И ВОДЕНИ ОД ИДЕЈАТА ЗА ПОУБАВ ЖИВОТ ОНАМУ КАДЕ ШТО НИ Е НАЈУБАВО – ТУКА ВО СКОПЈЕ, ТУКА ВО МАКЕДОНИЈА. КАКО ШТО БИ РЕКОЛ ВЛАДО ЈАНЕВСКИ – САМО ДОМА СИ Е ДОМА… ПА АКО Е ТАКА, ДАЈТЕ НИЕ САМИТЕ ДА СИ ЈА ЗЕМЕМЕ ИДНИНАТА КОЈА ЈА ЗАСЛУЖУВАМЕ И НИЕ ДА РЕШАВАМЕ ЗА НАШАТА СУДБИНАТА.

НИЕ, УСПЕАВМЕ ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ДА „ЗГРМИМЕ“ ПОВЕЌЕ ОД 5000 МЛАДИ  И ДА ПОКАЖЕМЕ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ДЕКА СМЕ РАЗЛИЧНИ ОД ДРУГАТА „ПАРТИСКА ВОЈСКА“, ЗАШТО НЕ СМЕ ПОСЛУШНИЦИ КОИ САМО ВЕДНАТ ПОГЛЕД, НИЕ НÉ СМЕ ХЕЈТЕРИ И ПЛУКАЧИ.

НИЕ СМЕ ЕНЕРГИЈА, НИЕ СМЕ АКЦИЈА. СЕ ШТО ЌЕ ЗАМИСЛИМЕ И КРЕИРАМЕ ЗНАЕМЕ И ЌЕ ГО РЕАЛИЗИРАМЕ. САКАМЕ ЗДРАВА И ЧИСТА ОКОЛИНА?ЌЕ НАПРАВИМЕ СЕГА!ВЕДНАШ!УТРЕ!. САКАМЕ ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА,  КРВОДАЛИТЕЛСКА АКЦИЈА,  ПОМОШ ВО ХРАНА И ОБЛЕКА? „НО ПРОБЛЕМО“. САКАМЕ СО АКТИВНОСТ ДА ПОМОГНЕМЕ СЕКАДЕ КАДЕ ШТО СМЕ ПОТРЕБНИ. И ЌЕ ПОМАГАМЕ.

НО, СЕГА САКАМЕ И ВЛАСТ. И ТОА НА СЛЕДНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ И ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. ИМАМЕ И ШТО ДА ПОНУДИМЕ ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА ВЛАСТА. ВИСТИНСКИ СЛЕДБЕНИЦИ  НА ЕДНА ЗАДЕНИЧКА ИДЕЈА, КОИ СЕ БОРАТ ЗА СЕКОЈ ГРАЃАНИН ПОЕДИНЧЕНО.

ЕДЕН НАШ ПРОФЕСОР ОД СКОПЈЕ ВО НАШЕ ИМЕ  ЌЕ ВОДИ ЛАВОВСКА БИТКА ЗА ПРВ ЧОВЕК ВО ДРЖАВАТА. НИЕ ЌЕ ГО ПОДДРЖИМЕ И ЌЕ КАЖЕМЕ КОЈ Е ТОЈ. ДЕКА Е НАЈДОБРИОТ ОД НАЈДОБРИТЕ , ДЕКА Е  ТОЈ ОНОЈ ШТО ЗНАЕ И УМЕЕ СО МЛАДИТЕ,  СО СТУДЕНТИТЕ, НО И СО СИТЕ ГРАЃАНИ ВО МАКЕДОНИЈА. КОНЕЧНО НИЕ СМЕ ГРАЃАНСКАТА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА.

А ПОТОА СТАПУВАМЕ НА СЦЕНА НИЕ-ФОМ ГРОМ. НИЕ КОИ ЌЕ ГРМИМЕ СО ЦЕЛ ГЛАС НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. И ЌЕ СВЕТКАМЕ И ТРЕПКАМЕ АКО ТРЕБА.  СИТЕ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА НЕКА ЗНААТ ДЕКА ДОАЃА НОВА СИЛА, НОВА ЕНЕРГИЈА НА МАКЕДОНСКОТО ПОЛИТИЧКО НЕБО. ДОАЃА ГРОМ НА КРИЛЈАТА НА ФОМ ГРОМ.

НИЕ СМЕ ХРАБРИ НИЕ СМЕ ГРОМ!